Како да ја заштитите масната кожа од штетните сончеви зраци?

Сончевите денови отсега ќе ги има се’ почесто, а тоа значи дека навреме треба да си обезбедите квалитетна заштита за вашата кожа. Но, знаеме колку знае да биде тешко да се одбере производ кој ќе обезбеди вистинска заштита, ќе биде пријатен за кожата, нема да предизвикува лепливи траги и остатоци и пред се’ да биде практичен за употреба. Eucerin го има решението за вас!
Eucerin Sun Face Oil Control Tinted SPF 50+ нуди целосна заштита од сонце и делува пријатно на вашата кожа, правејќи ја мазна и пријатна на допир. Поради уникатниот состав, таа обезбедува високо ниво на UV заштита која трае и до 12 часа. Овој производ е наменет за масна кожа и кожа која е склона на акни, а неговите својства гарантираат дека кожата на вашето лице нема да го има масниот сјај и да се чувствува „заробено” под слојот крема.

This image has an empty alt attribute; its file name is GL_en_ECN_66870_Pigment_Control_Medium_SPF50-_10_21_Combi_PS-Print.jpg
Штетните UV зраци претставуваат најголема опасност за кожата на лицето во топлите сончеви денови. Лицето нема своја природна заштита и затоа на вас останува да го одберете вистинскиот производ кој нема да дозволи вашата кожа да биде оштетена од сончевите зраци секојпат кога ќе излезете на отворено. Eucerin направи комбинација од фотостабилни UVA и UVB филтри, кои во истиот состав со состојката Еноксолон, не само што ја заштитуваат вашата кожа, туку и ја поттикнуваат нејзината природна регенерација.
Eucerin Sun Face Oil Control Tinted SPF 50+ кремата ги дава најдобрите резултати ако се нанесува секојдневно, препорачливо наутро, како дел од редовната нега за лицето. Таа може да се нанесе по употребата на стандардниот производ за нега на кожа, или пак може целосно да го замени истиот. Оваа крема е достапна во две нијанси (Light & Medium), така што покрај заштитата обезбедува и пријатен, изедначен изглед, кој лесно ќе се приспособи на вашата кожа.


This image has an empty alt attribute; its file name is eucerin18020_1.jpg
Клиничките и дерматолошките испитувања покажаа дека Eucerin Sun Face Oil Control Tinted SPF 50+ има одлична ефикасност кај кожа која лесно се иритира и дека успешно го анулира масниот изглед на кожата.

По само четири недели тестирање како дел од истражувањето на Eucerin, 99% од субјектите одговориле дека оваа крема ѝ дава мазен изглед и текстура на кожата, додека 96% од испитаниците тврдат дека нивната кожа ја апсорбира кремата по само неколку секунди. Ова ја прави кремата на Eucerin идеална за топлите денови, кога високите температури обично го прават впивањето на кремата потешко.
Повеќе за Eucerin дознајте на https://www.facebook.com/eucerinmakedonija


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници Кога Царот, седејќи на осле, влегол …