Сивус Едукативен Центар доделува стипендии во вредност од 25000 евра

Сивус Едукативниот и Развоен Центар и оваа година го одржува својот традиционален „Challenge Day“.
Настанот ќе се одржи во просториите на СЕДЦ на 7 април, од 15:00 до 18:00 часот.
Оваа година концептот е малку поразличен, и наградите се многуповисоки и помотивирачки.
Имено, СЕДЦ за овој настан обезбеди фонд од 25.000 евра и истиот ќе биде распределен помеѓу најдобрите и најталентирани учесници кои ќе го решат соодветниот предизвик.
Стипендии ќе се доделуваат за следниве академии:
• Computer Networks and IT Operations
• Security Specialist
• Мануелно и автоматскотестирање
• Графичкидизајн
• Гејм-дизајн
• Веб-дизајн
• Академија за програмирање – Скопје
• Академија за програмирање – Охрид
• Data Science
• Академија за дигитален маркетинг
Прашањата се на англиски јазик и истите се избрани согласно насоката, дел по специфични, но и општи и логички поврзани со предметите што ќе се изучуваат на Академиите. Секој учесник има право да се тестира само за една насока од СЕДЦ Академиите.
Сите заинтересирани што сакаат да ја почнат или да ја пренасочат својата кариера во некоја од најплатените IT-индустрии, своето учество можат да го пријават на следниов линк:
https://forms.gle/5HmiLUrQDit5pnNh9

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …