Кејт Келзенберг, матурантка од Минесота, преку Твитер го поканила популарниот глумец, Двејн Џонсон, да и биде придружник на матурската вечер…
Набргу следел и одговор.
Џонсон во видео порака која ја објавил на Инстаграм и се заблагодарил на поканата објаснувајќи и дека нема да биде во можност да присуствува, но пронашол начин „да се извини“.
„За жак во тој момент ќе бидам на снимање на Хаваите. Сакам да знаеш колку сум воодушевен со тебе. Излезе од својата сигурна зона и ме праша да одам со тебе на матура. Кејти, жените околу мене се многу срамежливи и ништо не зборуваат, се’ додека не си одам. Твој голем фан сум. Импресиониран сум со твојот шарм и самодоверба што воопшто ме праша“ рекол глуемцот.
После тоа следела и лична порака коај е емитувана на разгласот во нејзиното училиште.
„Нема да можам да ти бидам придружник на матурата, но, како подарок изненадување, овој викенд го закупив локалното кино, така што ќе можеш да ги поведеш своите другари и другарки да гледаат специјална проекција на филмот „Rampage“. Јас сум среќен човек бидејќи имам вака прекрасни фанови како што е Кејти. Ваквите моменти секогаш ќе бидат најдобар дел од мојата работа“ напишал глумецот.
Кејти била повеќе од воодушевена што може да се забележи на снимките настанати во училницата во моментот на емитување на пораката.