На Скопје филм фестивал гостуваше режисерот Кристоф Режин: Денеска, работилница, премиера, дискусија

„Со задоволство ве известуваме дека на Скопје филм фестивал, синоќа, во киното ’Фросина’ беше прикажан францускиот филм ’Скришно’, забавен и меланхоличен филм за она што се случува на маргините на професионалната фудбалска индустрија“, соопштуваат од Скопје филм фествал. По проекцијата, режисерот Кристоф Режин одговараше на прашањата од публиката. Тој рече дека во минатото и самиот играл фудбал и го сака овој спорт.

„Растев во различни средини и токму фудбалот ми помогна да не се чувствувам осамен. Од друга страна, имав можност да го видам и она што гледачите на трибините и обожавателите не го знаат. Се дружев со луѓе од маргините на фудбалот, што не успеале да станат професионални играчи и кои не успеале да го надминат тоа. Сум запозал луѓе за кои единствениот начин да станат некој е фудбалот“, рече Режин. 


Тој го напишал сценариото за овој филм токму по углед на луѓето што ги запознал.
„Обично ги гледаме фудбалерите на терен, гледаме натпревари на телевизија, знаеме дека се заработуваат пари, но не ги гледаме луѓето што се зад сето тоа. Сценариото е инспирирано од луѓе со кои сум се запознал, но е и делумно инспирарано од она што може да се прочита по весниците. Во Франција се случуваат многу работи околу фудбалот. Млади луѓе доаѓаат во различни клубови, тие се далеку од семејствата и бараат некој што ќе им биде морална поддршка. Во филмот создадов комплексен лик што, од една страна морализира, а од друга страна живее во големи фантазии. Сакав да го вратам во реалноста и на крај да му дадам едно поправедно место“


Денеска (23 април, понеделник) во 13. часот ќе се одржи работилница во ЕСРА „Како се пишува, режира ипродуцира прв игран филм“. Предавачи се Леа Мисиус, режисерка на филмот „Ава“, Фани Ивоне и Кристоф Рожин од Франција, режисер на филмот „Скришно“.
Скопската публика ќе има можност вечерва во рамки на 21. Скопски филмски фестивал да го гледа кратометражниот игран филм „Види ја ти неа“. Проекцијата е вечерва во 19 часот во во Кино Милениум.
Филмот беше прикажан на 38. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, каде ја освои наградата Мала камера 300 по што следуваа престижните фестивали во Санденс, каде му беше доделена наградата Најдобар интернационален краток филм и 40. Клермон-Феран фестивал за краток филм, најпрестижниот фестивал на светско ниво посветен на краткиот филм.
Сценариото за филмот го напиша Горан Столевски кој е и режисер, а авторската екипа ја сочинуваат: Наум Доксевски-кинематографер, Влатко Чачоровски-сценограф, Жаклина Крстевска – костимограф, Братислав Зафировски- тонец, а шминката е на Наталија Кајевска. Продуценти се Димитар Минов, Кристијан Буровски и Томи Салковски. Главниот лик Анета го толкува актерката Сара Климоска, а покрај неа играат и Игор Ангелов, Пируника Киселички, Антонија Белазелкоска, Милица Стојанова, Жарко Јовановиќ, Иво Антов, Виктор Арсов, Симон Манасковски, Изабела Новотни и Горан Илиќ. „Види ја ти неа“ е копродукција меѓу Црна Мачка Продукција и Скопје Филм Студио.
Во киното Фросина (23 април 19 часот) ќе се одржи дискусија на тема „Размислувања за квир кинематографијата“.
Жоао Флоренсио (Универзитет Екситер) и Станимир Панајотов (Централноевропски универзитет, Институт за општествени и хуманистички науки – Скопје) ќе ја водат публиката низ кусата, но моќна историја на квир филмот. Ќе ја запознаат публиката со делата на легендарните независни режисери и сценаристи, како Жене, Фасбиндер и Џарман преку Грег Араки и новата квир кинематографија, сè до Брус Лабрус, како поновите документарци за кризата со сида и историите на сеќавање, и улогата на порното во современиот квир филм. Заедно тие ќе ги разоткријат најважните теми и идеи што се движечка сила на квир филмовите до дене. По предавањето ќе следува отворена дискусија со публиката. А ќе биде промовирана и книгата „За засрамените геј мажи“.


 

Програма за вторник 24 април:


Кино Фросина:
17:00h
РЕБЕКА /REBECCA (1940)
Режија: Alfred Hitchcock
Улоги: Laurence Olivier,
Joan Fontaine, George Sanders
United States,130 min.19:00h

СТОЛБ ОД СОЛ /THE PILLAR OF SALT (2018)
Режија:Burak Çevik
Улоги: Zinnure Türe, Dila Yumurtacı, Esme
Madra, Banu FotocanTurkey, 70 мин.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …