На Интернет се појавило видео од Индонезија, на кое се гледа како багер случајно копајќи со„лажицата“ вади голема змија.
Во близина на индонезискиот град Пеканбару, багеристот копал градина крај работ на реката и случајно ископал огромна змија од која едвај се ослободил. Збунетата змија останала да виси сè додека багерот не ја вратил во реката, а потоа уште некое време останала во близина.
Снимката предизвикала голем број реакции на Јутјуб, а многумина изразиле жалење поради ваквиот третман, се верува, на питонот. „Исусе, само остави го на мир, зошто луѓето се такви игноранти?“, е само една од реакциите.