(ФОТО) Диктира трендови: Меган Маркл најмоќно лице во светот на модата

Меган Маркл, војвотката од Сасекс и сопругата на принцот Хари уште од моментот кога стана свршеница на еден од најпосакуваните ергени од кралските палати, е во фокусот на светот на модата, и сè што се облекува веднаш станува нов тренд…
Убавата актерка родена во Калифорнија, која стана мајка на малечкиот Арчи во мај оваа година, е без сомнение една од најновите најголеми модни икони чиј софистициран стил се обидуваат да го копират многу трендсетерки.
Со своите елегантни стилови и чувство за детали, таа ги освоила љубителите на модата кои внимаваат на секој нејзин настап во јавноста.
Терминот „Меган ефект“ повеќе пати се спомнувал во светските медиуми, откако страниците на брендовите „паѓале“ откако нивните производи биле избрани од најстилската припадничка на кралското семејство, како Веја, Окланд Деним, Стратбери и др.
Иаково последно време е во немилост на британските медиуми поради сложените односи во кралските семејства, нејзиното влијание врз модата не може да се онегира – на крајот на краиштата, името „Маркл Спаркл“ беше измислено во врска со влијанието на пазарот, бидејќи продажбата на одредени парчиња веднаш се зголемила штом биле видени на војвотката од Сасекс.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Осмо издание на Скопски вински салон – Винодонија 2024

Во препознатлива елегантна и опуштена атмосфера Винодонија 2024 ќе се одржи на 13-ти и 14-ти …