Со оглед на тоа што Катар последните денови е во центарот на вниманието поради одржувањето на Светското фудбалско првенство, често се зборува за неговите туристички атракции, а една од нив е необичниот град на духови наречен „Филмски град“ сместен во пустина.
Филмскиот град е изграден за потребите на снимањето на арапската ТВ серија „Eyaal Al Theeb“ („Синови на волкот“), која раскажува за борбата меѓу две арапски племиња.
Градот е реинкарнација на античко арапско (бедуинско) село, а се наоѓа зад кањон, целосно опкружен со сеприсутниот пустински полуостров Зекреет.
Првото прашање што некому ќе му падне на памет кога ќе наиде на Филмскиот град е да се распраша за неговата намена, бидејќи очигледно е напуштен, а по првобитната намена никој не очекувал дека ќе стане туристичка атракција.
Од TripAdvisor истакнуваат дека реакциите за местото кое често го нарекуваат „град на духови“ би можеле да бидат поделени бидејќи нема многу содржина. Има една продавница, а во неа живее само менаџерот.
И покрај долгото возење од Доха (80 км) е релативно лесно да се стигне до него. Дивите животни во областа ги воодушевуваат децата и нудат одлични можности за фотографирање.
Градот обиколен со ѕидини е со големина на село, но сепак има главна порта и градски ѕидини со караули на предната страна.
Посетителите можат да ги паркираат своите автомобили пред главната капија и да влезат пеш. Иако ништо не е автентично, градбите покажуваат како можело да изгледа традиционално село во регионот во минатото.
Се препорачува да го посетите градот пред доцните попладневни часови и да го испланирате повратното патување до Доха најмалку 1,5 час пред зајдисонце за да избегнете возење по накосениот пат во темница.
Фото: Принтскрин/YouTube