*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
КОГА мислиме на Девиците, првите работи што веројатно ни паѓаат на ум се нивниот перфекционизам, опседнатоста со чистотата и прекумерната критика. Овие луѓе донекаде неправедно се познати како дежурни критичари на Зодијакот кои можат да најдат недостатоци во сè, но критиката е всушност нивниот начин да помогнат некому или да ја подобрат ситуацијата.
Девиците се резервирани и не сакаат да покажуваат емоции. Поради ова, многумина ги доживуваат како ладни, но тоа не е точно бидејќи и тие имаат длабоки емоции како другите луѓе, но едноставно не знаат како да ги покажат. Не сакаат да зборуваат за своите чувства со другите, а ако нешто ги мачи, претпочитаат да го решат сами со себе.
Иако изгледаат ладно и воздржано, овие луѓе е добро да ги имате на ваша страна. Ако сте во неволја, тие ќе бидат вашето прво рамо на кое ќе плачете. Девиците се многу сигурни и никогаш нема да ве изневерат. Тие ќе направат сè за да ви помогнат, дури и ако тоа значи дека треба да стават сè друго на чекање. Девиците секогаш сакаат да бидат тука за вас и се достапни секогаш кога ќе им се јавите или кога ви треба услуга.
Пред сè, овие луѓе се грижливи, корисни и доверливи, па затоа ќе направат се за да ви помогнат. Девицата можеби не е слаткоречива и не покажува љубов со допири, прегратки и комплименти, но таа ќе биде тука за вас кога е потребно, а тоа е најважно.