БЛЕЈК Лајвли е подготвена за раѓањето на четвртото дете кое го очекува со партнерот Рајан Рејнолдс. Извор близок до актерката открил за Us Weekly дека не останува долго до породувањето.
„Блејк е возбудена. Таа и Рајан едвај чекаат да го запознаат новото бебе”, рекол неименуваниот извор.
Двојката го доби девојчето Џејмс во 2014. година, Инез се роди две години подоцна а малата Бети во 2019 година.
„Таа се уште има многу енергија. Блејк излегува, многу шета низ соседството и внимава што јаде”, додал изворот.
View this post on Instagram
Додека го чека новороденчето, Лајвли поминува многу време со другите деца. Таа ја објави четвртата бременост во средината на септември.
„Блејк и Рајан отсекогаш планирале да имаат многу деца“, открил изворот.
View this post on Instagram
Тие се во брак од 2012 година, а со годините се повеќе се зближуваат, што е вистинска реткост меѓу холивудските парови.
Фото: Принтскрин/Instagram