Користете го лебот на највкусен начин.
За брз и лесен појадок или вечера, идејата доаѓа од кујната на баба. Според баба, децата особено го сакаат овој рецепт.
Потребно е:
2 јајца
150 гр сирење
200 мл јогурт
малку масло
100 гр рендана салама
неколку листови жолто сирење
стар леб
Подготовка:
Сирењето издробете го и изматете со јајцата. Додадете јогурт, малку масло, и рендана салама. Се’ убаво изедначете. Обложете плех со хартија за печење и натопете го секое парче леб во смесата од двете страни.
Се редат во намастена тава. Наредете неколку листови кашкавал одозгора. Печете на 220 степени околу 20 минути. Одличен појадок или вечера со чаша јогурт.
Фото: Принтскрин/YouTube