(ВИДЕО) Искористете го сувиот леб на најдобар начин: Пита за десетка!

Не морате да го фрлате лебот што стоел неколку дена, искористете го за овој превкусен оброк…
Потребно е:
еден помал стоен леб
200 г кисела павлака
100 г кашкавал
2 јајца
150 г шунка, или друга салама
100 мл млеко
Подготовка: лебот исечете го на тенки кришки. Тавата обложете ја со хартија за печење. Лебот наредете го во круг и помеѓу секоја кришка ставајте тенок ливчиња шунка и кашкавал.
Изматете ги јајцата со павлаката и додајте млеко па повторно убаво изматете.
Полијте го лебот, да се натопи и смесата да навлезе помеѓу кришките.
Печете на рерна загреана на 200 степени.
Послужете топло.

Извор: Kod bake u gostima

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 01.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Овој ден првенствено е наменет за одмор, па потрудете се да го искористите …