(ВИДЕО) Илон Маск го тестирал електричниот Фолксваген

За време на посетата на Германија, Илон Маск се сретнал со раководството на Фолксваген и го тестирал нивниот електричен автомобил.
Илон Маск неодамна ја посети огромната фабрика во Берлин, а потоа се сретнал очи во очи со неговиот главен ривал Херберт Дис. Тој се сретна со лидерот на Фолксваген на мал аеродром во Брунсвик, а состанокот траел околу два часа, пренесува Automotive News Europe.
По тој повод, Маск го возел iD.3, што е најсилниот електричен адут на Фолксваген, а со тоа и најголем ривал на најевтиниот модел на Тесла, моделот 3. Илон бил заинтересиран за капацитетот на батеријата и вградената технологија и го пофалил чувството на воланот при тестирањето на возилото. Маск имал можност да го испроба и ID.4, кросовер модел кој наскоро ќе се појави на пазарот.
Дис и претходно покажувал наклонетост кон Маск, а сега објавил видео со кое докажува како се запознале. Видеото можете да го погледнете подолу.


За потсетување, Фолксваген планира електрична офанзива со чија помош би сакал да ја достигне продажбата на Тесла до 2023. година. Тоа би значело производство на максимум 1,5 милиони електрични возила.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршната конференција во рамки на проектот: Одржлива синергија за зајакнување на колективното еко влијание

Дали и колку сме колективно еко свесни за зачувување на природата и кои проблеми беа …