Актерот Мајкл Рукер прогласил победа над коронавирусот.
Актерот, најпознат по улогите во хит серијата Walking Dead и во франшизата Guardians of the Galaxy на социјалните мрежи, ја опиша својата борба против коронавирусот, што ја спореди со војна. Заедно со неговата објава, тој приложи и фотографија од негативен тест на ковид-19.
Рукер вели дека му дозволил на неговиот имунолошки систем да се бори против болеста и доживеал подеми и падови. „Или се чувствував како го**о или прилично добро …“
Но, тој вели дека неговите секојдневни борби завршиле. “Моето тело ја доби војната. Ковид добро се бореше, но на крајот беше исфрлен од мојот имунолошки систем”.
65-годишниот актер вели дека не земал никакви додатоци, но одлучил дека најдобриот план е да не се прави ништо. „Дојдов до заклучок дека нема многу што некој може да стори однадвор, за да се бори против ковид-19 откако ќе влезе во твоето тело“, напиша тој. „Ова е мое лично мислење, дефинитивно не е заклучок на некоја научна студија. Вистинската битка се одвива внатрешно, на клеточно ниво“.
Подоцна, тој го опиша уништување на вирусот во боксерска смисла. Тој исто така спомена дека е во карантин, но не даде детали за неговите симптоми. Под објавата, бројни фанови му честитаа на закрепнувањето.