(ВИДЕО) Голем циција: Алиштата, чевлите и чиниите се перат истовремено во машина за миење садови

Емисијата „Extreme Cheapskates“, што се емитува на телевизијата „TLC“, не престанува да ги шокира гледачите.
Секој кандидат е штедлив, но до крајност, а еден од нив е Бен Ливингстон. Овој човек, всушност, ги мие садовите и облеката заедно во машината за миење садови, за да заштеди електрична енергија и вода.
„Го заштедувам секој денар, навикнат сум да живеам скромно. Машината за миење садови може да исчисти скоро сè – капи, облека, садови, чешел, а понекогаш ставам и четка за заби“, рекол Бен во емисијата.


Покрај вода и електрична енергија, Бен штеди и кога станува збор за лична хигиена на телото, па затоа сам си прави своја паста за заби од глина од бентонит и ментол.
„Јас трошам само еден долар на овие материјали и добивам многу голема количина“.
Тој одбива да поправи нешто во куќата, тој рекол дека му се расипал вентилаторот на таванот во бањата, и наместо да го замени или поправи, рачно го движи секое утро.

Фото: Принтскрин/Youtube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 19.05.2024 година во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Организирајте убаво дружење, дружете се со пријателите, опуштете се и пред се одморете. …