(ВИДЕО+ФОТО) Во овој затвор живеат најлошите злосторници а го нарекуваат „судбина полоша од смрт“…

Казнениот завод со максимална сигурност во Флоренс во американската држава Коллоради, познат како ADX, е најчуван затвор во САД.
Во него се наоѓаат најлошите и најнасилните затвореници. Во него секој затвореник минува 23. часа дневно во самица, пишува Business Insider.
ADX е наменет на „мал број затвореници кои покажале дека човечкиот живот ништо не им значи“, како што објаснил Норман Карлсон, бивш директор на ФБИ, а во него моментално се наоѓаат 422. затвореници.


Некои од најпознатите злосторници во Америка се сместени токму во тој затвор. Тука се наоѓа Рамзи Јусуф кој бил осуден поради нападот на Светскиот трговски центар во 1993. година, Тери Николс, терорист вклучен во бомбашкиот напад на Оклахома во 1995., Роберт Хенсен, бивш агент на ФБИ кој на Русите им продавал доверливи информации, Закариус Хансен, еден од заговорниците на 11. септември…


Своите денови ги минуваат во ќелии 3,65х2,13 метри со дебели бетински ѕидови, двојни железни врати и само еден прозорец кој е висок 90. сантиметри, но широк само 10. сантиметри, пишува The Times.


Секоја ќелија има оддел со туш и тоалет, а спијат на тенки мадраци ставени на бетонски плочи. Во секоја ќелија се наоѓа телевизор, а дозволен им е пристап и до книги и весници.
Дозволени им се максимално 10. часа неделно да минат вон своите ќелии при што се изменуваат одењата во внатрешната теретана (просторија без прозорци во која се наоѓа само една шипка на која можат да се креваат) и групна посета на надворешниот двор за рекреација (во текот на кој секој затвореник се става во посебен кавез).

Сите оброци им се доставуваат преку мал отвор на вратата, а преку истиот отвор комуницираат и со чуварите, психијатар или свештеник.
Amnesty International објавил дека затворениците во ADX понекогаш со денови живеат без со било кого да прозборат макар еден збор.
„Ова место не е за луѓе“, раскажал Роберт Вуд, кој бил управител на затворот од 2002. до 2005. година. Исто така, затворот го опишал како „малку почиста верзија на пеколот“.

Самиот затвор е изграден така што затворениците се апсолутно отсечени од надворешниот свет. Затворениците во него доаѓаат со посебни автобуси, а тешко вооружени патроли кружат по комплексот, пишува CNN. Ѕидовите кои го окружуваат се со бодликава жица, а прозорците се така дизајнирани затворениците преку нив да можат да го видат само небото.

„Кога со лисици ќе минат низ вратата на лицата им гледате дека сфатиле каде се наоѓаат. Во еден момент ги гледаат убавините на Роки планините, а во вториот сфаќаат дека тоа е последен пат што ги виделе. ADX е живот после смртта, по мое мислење, судбина полоша од смртта“, рекол Худ.
Затворениците немаат никаков меѓусебен контакт, мораат да носат ланци на нозете, рацете и околу струкот во ретките моменти кога, во придружба на затворски чувари, ги напуштаат ќелиите.

Смеат да ги посетат само адвокатите и најблиското семејство со кои смеат да разговараат преку стаклена преграда, а сите разговори, како и нивната пошта, се нагледуваат.
Худ сепак нагласува дека ваквите услови се наменети на најлошите злосторници кои „го заработиле“ своето место во него.
„Биле во затвори, убивале чувари, убивале посетители. Тука станува збор за терористи, насилни членови на банди, шпиони…Тие го заработиле своето доаѓањее тука“, заклучил тој.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Проекција на најновиот македонски игран филм „Убиј ги прво децата“ вечерва во Кинотека

Вечерва, со почеток од 20:00 часот во Кинотека на Македонија – проекција на „Убиј ги …