Легендарниот австралиски drum’n’bass феномен PENDULUM пристигнува во Скопје

Легендарниот австралиски drum’n’bass феномен PENDULUM кој стои зад химните на овој жанр како „Tarantula“, „Blood Sugar“ и многу други, пристигнува во Скопје! Pendulum на 8-ми декември во арена „Борис Трајковски“, ќе настапат со својот фуриозен диџеј-сет за конечно да и покажат и на македонската публика зошто во овој формат тие важат за неприкосновеното дуо во светот на drum’n’bass културата!

Електронските воини Pendulum го освоија светот проширувајќи ги границите на музичките жанрови, од драм-енд-бејс преку моќен хаус до електро-рок! Членовите на бендот кој е оформен во 2002 година, во 2013-та го најавија повлекувањето на Pendulum од live настапите, за да се посветат на новите проекти меѓу кои е и познатиот Knife Party, но константните барања за повторно активирање од страна на армијата фанови низ цел свет, резултираа со come-back турнејата во 2016-та и новиот албум чие снимање го најавија лани! На Таксират тие доаѓаат во фуриозниот DJ формат, нивното идеално издание за најенергичните фестивалски журки, бидејќи единствено така може да се доживее вистинската енергија со која тие веќе со години владеат на најголемите светски фестивали, а која најчесто се споредува со атмосферата на експлозивните настапи на The Prodigy. Оттаму, не е ни чудо што токму овој австралиски изведувач го потпишува најпознатиот ремикс на Prodigy, оној за „Voodoo People“ од 2005-та година!


Таксират

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЗОШТО МАЖИТЕ ЖИВЕАТ ПОКРАТКО? Животниот век на жените е во просек пет години подолг

Во просек, мажите живеат неколку години помалку од жените – но не е познато зошто. …