(ВИДЕО+ФОТО) Срам за Евровизија: Инцидентот со микрофонот открил дека Британката не пеела во живо!

Откако активистот Dr. AC со вистинско име Константин Боуки, и го грабнал микрофонот и така го пореметил настапот, СуРи почнала да танцува како ништо да не се случило но при тоа заборавила да пее…
Мажот кој синоќа влетал на сцената на финалето на Евросонг, самонаречениот Dr. AC или Dr. ACactivism (30), на јавноста „и помогнал“ да забележи детал кој инаку на сите би им „избегал“ – дека британската претставничка СуРи (29) со песната „Storm“, како што тврди публиката, пеела на плејбек.


Имено откако активистот Dr. AC со вистинско име Константин Боуки, и го грабнал микрофонот и така го пореметил настапот, СуРи почнала да танцува како ништо да не се случило но при тоа заборавила да пее. Но, гледачите на социјалните мрежи врдат дека во позадина се слушал нејзиниот глас.
Обезбедувањето бргу го решило проблемот со Dr. AC, кој завршил во полицијата во Лисабон, а уште не е познато колкава парична казна го чека.


Денес СуРи преку социјалните мрежи била нападната од фановите на Евросонг, а организаторите синоќа и понудиле да го повтори својот настап.
Таа и нејзиниот тим тоа го одбиле со објаснување дека „Нема потреба бидејќи се горди на својот прв настап“. Но, сега излегува дека не сакале втор од „технички“ причини.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …