(ФОТО) Залиена пита со месо и јогурт

Посочна отколку што сте мислеле дека може…
Македонската трпеза не би била тоа што е кога на неа не би имало вкусна пита. Ви ја препорачуваме оваа залиена пита со месо и јогурт која во Турција е предјадење број 1.
Состојки: 500 г мешано мелено месо, 1 голема главичка кромид или две помалечки, 100 мл масло, 1 лажица сув зачин,1/2 лажичка сол, 200 мл јогурт, 3 јајца, 400 мл вода, 500 г подебели кори за пита.
Подготовка: кромидот исечкајте го ситно, додајте масло и неколку лажици вода, па динстајте, потоа на средна температура малку испржете. Додајте го месото и 200 мл вода па се’ заедно динстајте додека водата не испари. Додека се динста додајте сув зачин, црн пипер и сечкан магдонос.
Посебно подгответе ја смесата за заливање: изматете ги јајцата со малку сол па додајте јогурт и вода и се’ измешајте.
Тавата за печење намачкајте ја со масло, на дното ставете 3 кори, па насекаде малку месо. Повторно три кори и месо, се’ додека не завршите. Помеѓу секоја кора мачкајте со малку масло. Со остар нож исечете ја питата па полијте со сместа од јајца и јогурт. Протресете ја тавата, смесата секаде да навлезе.
Рерната вклучете ја на 200 степени а за тоа време оставете питата да ја впие смесата.
Печете додека не добие светло кафеава боја, околу 30 – 40 минути. Испечената пита намачкајте ја со смеса од 2 лажици вода и 2 лажици масло, оставете да се излади. Питата повторно сечете ја како првиот пат и послужете.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велика Сабота

Велика Сабота Од времето на страдањето на Господ Христос на крст на Голгота, секоја Велика …