(ВИДЕО+ФОТО) Селена со солзи ја примила наградата на Билборд за „Жена на годината“

„Се чувствувам неверојатно среќна. Искрено, не можам да бидам поблагодарна за позицијата што ми е дадена во мојата кариера… Посебно оваа година, сакам да се заблагодарам на мојот неверојатен тим и на моето семејство, затоа што беа со мене во навистина тешки времиња. Имав многу работи да завршам годинава“
За Селена Гомез 2017. ќе биде година што долго ќе ја памети – што поради нејзината нова музика, што поради светската слава и големата популарност на Инстаграм, како и поради нејзината храбра борба по пресадувањето на бубрегот.
Во низата признанија последно беше „Жена на годината“, што на Гомез и беше доделено на
наградите „Жени во музиката“, во организација на „Билборд“.
„Ретко може да се најде некој што своите искушенија и страдања ги користи за да ги направи другите луѓе посилни“ беа зборовите со кои беше претставена Селена Гомез пред
да и’ биде врачено признанието „Жена на годината“.
Наградата и’ ја додели нејзината најдобра другарка Франција Раиса, која и го донираше својот бубрег. Таа накусо посочи дека кога се запознале со Селена, веднаш се поврзале, додавајќи дека кога дознала дека може да и’ го спаси животот, не се мислела двапати.
Селена Гомез веднаш заплака при примање на наградата, изјавувајќи дека Франција и’ го
спасила животот.
„Се чувствувам неверојатно среќна. Искрено, не можам да бидам поблагодарна за позицијата што ми е дадена во мојата кариера… Посебно оваа година, сакам да се заблагодарам на мојот неверојатен тим и на моето семејство, затоа што беа со мене во навистина тешки времиња. Имав многу работи да завршам годинава“ рекла пејачката.
Откако и’ се заблагодарила и на другарката, Селена додала: „Не знам како некогаш ќе се
оддолжам, но можеби следната година ќе направам култен албум“.
Кога Селена објави дека ги откажува концертите во Азија и во Австралија, едни шпекулираа дека има лупус, а други велеа дека се справува со зависност.
„Толку многу сакав да изјавам: „Луѓе, вие немате поим, јас одам на хемотерапија. Вие сте никаквеци. Се затворив се’ дури повторно не станав самоуверена“ раскажала тогаш
Селена за „Билборд“.
Додала дека и’ било многу тешко да биде предмет на шпекулации додека одела на терапии и дека тоа ја разлутувало.
„Јас сум проклето фина со сите, а сите се толку злобни кон мене. Работам од седум години. Амбасадор сум на УНИЦЕФ од 17 години. Толку е разочарувачки што станав приказна за таблоиди“ посочила Гомез.
Сега во ново интервју за „Билборд“ таа открила дека прво не и’ била пријатна лузната од трансплантацијата, но дека веќе не и’ е никаков проблем.
„Кога ќе го погледнам моето тело сега – гледам само живот“ истакнала Гомез.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …