Предновогодишна турнеја на „Маша и Медо“ низ Македонија


Поради големиот интерес за спектакуларната детска претстава, направена по истоимениот цртан филм „Маша и Медо“, освен настапот во Скопје, организирана е и мини турнеја низ другите градови во Македонија.
Ова е идеална можност нашата најмлада публика да ги види своите омилени јунаци во живо. Руската актерска екипа, која специјално по овој повод доаѓа во Македонија, на децата ќе им ги претстави авантурите на „Маша и Медо“ одблиску.
Претставите ќе се оддржат на:
декември 2017 (сабота) – 17 часот – Скопје – Вип Арената Борис Трајковски (која ќе биде целосно пренаменета и прилагодена за оваа намена);
Декември 2017 (недела) – 12 часот – Прилеп – Дом на култура “Марко Цепенков”
Декември 2017 (недела) – 18.30 часот – Битола – Центар за култура
Претставите ќе биде синхронизирана на македонски јазик.
Билетите за претставата во Скопје се веќе пуштени во продажба, а за претставите во Прилеп и Битола билетите може да се набават од утре (02.12.), преку продажната мрежа на КупиКартиЗаСе низ цела Македонија, како и онлајн на www.kupikartizase.com.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечер посветена на Коле Манев во Кинотека на Македонија

Кинотека на Македонија утревечер ќе биде местото каде што љубителите на филмската уметност ќе имаат …