(ВИДЕО+ФОТО) Се преправил во жена па за малку ќе ја освоил титулата на „Мис на Казахстан“

“Моите пријатели и јас дискутиравме за убавината и после тоа одлучив да се пријавам на натпреварувањето. Секогаш бев шампион за природна убавина”

Во изборот за Мис на Казахстан се случил голем пресврт, бидејќи една од финалистките не била онаа која што се претставувала. Имено, Алина Алиева ја шокирала нацијата кога признала дека таа е момче од 22 години. Откако ги објавил фотографиите на Интернет само ги чекал реакциите на публиката.
Станува збор за Иљи Дијагиљев, манекен, кој се пријавил на натпреварувањето за да им докаже на своите пријатели дека и мажите можат да поминат добро како кандидати во изборот за Мис.


“Моите пријатели и јас дискутиравме за убавината и после тоа одлучив да се пријавам на натпреварувањето. Секогаш бев шампион за природна убавина”, зборува самоуверено ова момче и додава дека девојките денес се сите исти, исто се шминкаат, исто се облекуваат и дека поголемиот број сметаат дека се убави доколку ги пратат трендовите, но тој не се согласува со тоа.


Иља бил уверен дека денес се’ е можно поради шминката, козметиката и фотошопот, па со мала помош на фризер и шминкер, Иља се претвори во Алина.
Тоа што се пријавил на натпреварувањето “Miss Virtual Kazahstan”, каде не очекувал дека ќе стигне до финале, сакал само да укаже на природната убавина и карактерот за кои смета дека се најважните адути. Токму поради тоа, одлучил да им соопшти на организаторите и јавноста која е Алина.
Според некои, тој имал големи шанси и да победи каде се натпреварувале 4.000 девојки. Но, откако се објавиле имињата на финалистките, одлучил да биде фер и да си го открие својот идентитет. Откако го наравил тоа, Алина беше дисквалификувана.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …