(ФОТО) Грчка спанакопита: Рецепт за највкусната но и едноставна пита

Вкусот на путерот, спанаќот и сирењето ја праваат оваа медитеранска солена пита незаборавна. Ваквото јадење може да го консумирате како предјадење или за вечера со чаша јогурт.
Потребни состојки:
8 кори за пита
250 гр. спанаќ
2 јајца
2 лажици масло
60 гр. истопен путер
100 гр. фета (или друго бело сирење по избор)
морско оревче
едно чешне лук
сол,црн пипер
Подготовка:
Исчистете го спанаќот и добро измијте го. Ставете го во зовриена вода да омекне пет минути, а потоа исцедете го и ситно исецкајте го. Изматете ги јајата, издробете го сирењето и помешајте го со спанаќот. Посолете, наросете црн пипер, додадете рендано морско оревче и истолчен лук, а потоа добро измешајте.
Загрејте ја рерната на 180 Целзиусови степени. Тавата за печење намачкајте ја со масло и обложете ја со хартија за печење, а потоа ставете една кора. Лесно испрскајте со растопениот путер и врз неа ставете друга кора. Премачкајте ја втората кора со путер и ставете малку фил. Покријте со нова кора, а потоа намачкајте со путер и се’ така додека не го потрошите целиот фил и кори.
Последната кора намачкајте ја со изматена жолчка и печете околу 25 минути, додека питата не добие златножолта боја.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 06.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ве очекува одличен работен ден, со полн интензитет да започнете нов професионален циклус …