(ВИДЕО+ФОТО) Лицемерието на Дејвид Бекам: „Бара приватен авион за да види непривилегирани деца“!

Бекам во стаклена кутија со илјадници комарци:„Решете ја маларијата“. Бара приватни летови да види непривелигирани деца. „Ми се лоши од него“ ја коментирале на социјалните мрежи новата кампања на Дејвид Бекам…
„Овие инсекти се иритантни на местата како Обединетото кралство, но и во многу делови од светот. Каснувањето од комарец е застрашувачко и смртоносно, доведува до маларија и губење на детски живот секои две минути“ рекол бившиот фудбалер Дејвид Бекам (42). Тој се придружил на кампањата „Маларијата мора да исчезне за да милиони можат да живеат“ и снимил видео затворен во стаклена кутија со 10.000 комарци.


„Можеме да бидеме генерација која тоа засекогаш ќе го запре. Стојам тука за да дадам поддршка на милиони луѓе кои секој ден живеат со оваа закана“ истакнал Бекам кој сака водачите на заедничката држава на Комонвелтот да превземат одважни акции со оглед на тоа дека знаат како се спречува и лекува маларијата. Според податоците на Светската здравствена организација за болести, кои ги предизвикуваат комарците, во 2016. година умреле 445.000 луѓе. Додека на фановите им се допаднало неговото видео, ги имало и оние кои коментирале дека е лицемерен.
„Бара приватен авион за да види непривилегирани деца. Ми се лоши од него“ го критикувале Бекам кој од британската Би-Би-Си барал финансирање на приватен авион, во февруари минатата година за да се појави во емисија и промовира хуманитарно делување. Имено, се појавиле неговите меилови во кои се дознало дека само поради имиџ се бави со хуманитарна работа. Се оправдал со тоа што за гостувањето во шоуто не примил никаква финансиска надомест која била вообичеана.

Бившиот фудбалер неодамна го развеселило и тоа што со сопругата, модната дизајнерка Викторија Бекм (43) нема да мора да ја урне големата и раскошна куќичка на дрво на својот имот во западниот Оксфордшир. Советот во округот донело таква одлука и покрај тоа што соседите се жалеле.
„Се смеат на плановите за изградба а и осветлувањето на куќичката е вклучено после 16. часот што е забрането со правилата“ истакнале соседите во жалбата. Бекамовци прво ја изградиле импресивната дрвена градба а дури потоа барале дозвола наведувајќи дека станува збор за скромен објект. Се простира на 15 м2, висока е четири а широка и долга по четири и пол метри. Викторија се „зезнала“ откако слика од куќичката објавила на Инстаграм, во декември минатата година, додека советот уште не ја донел одлуката дали смеат да ја изградат.

„Бакнежи од село“ напишала дизајнерката и ги налутила соседите кои рекле дека ги исмејуават што бараат дозвола. Покрај тоа коментирале дека нивната скромна куќичка е голема како некои станови. Бекамови истакнале дека куќичката ќе ја користат нивните деца за играње. Двојката имотот во Оксфордшир го купила за шест милиони фунти и потрошила „вистинско богатство“ за да го претвори во семеен дом.

Kisses from Paris x

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham) on

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …