(ВИДЕО+ФОТО) Проектот на МРТ „Ај Кју“ во Лисабон беше Македонија:Не заслужуваме да не исмејуваат!

Коментарите кај нас (но и во Европа) не стивнуваат после уште еден неуспех на македонската делегација на „Песна на Евровизија“.Кога ќе се потсетиме какви се’ тоалети имаа изведувачите на првата полуфинална вечер, какви се’ светлосни ефекти имаа на настапите…тогаш и не чуди што настапот на „Ај Кју“ мина незабележително…
Шеста година по ред Македонија не влегува во финалето на Евровизија.
„Ај кју“ (Eye Cue) со песната „Lost and found“ не се успеаа да изборат пласман во финалето на 63. избор на песна на Евровизија 2018 во Лисабон.


Македонската група „Ај кју“ настапуваше под редниот број 11, а нашата пејачка Марија со нејзината модна креација стана цел на потсмев на социјалните мрежи.
Еден од највпечатливите коментари кој се појави на Твитер беше објавен од Англискиот национален сервис Би-Би-Си, кој со интересен коментар го опиша изгледот на нашата претставничка.
„Не е наопаку облечено мамо, тоа е мода која ти не ја разбираш“, стои во нивната објава, погледнете.


Среќе што коментарите запреа само на еден член на делегацијата бидејќи може да продолжат, па придружните вокали да бидат забележани дека залутале на Евровизија. Во едноставните црни креации повеќе наликуваа како да одат на кафе отколку на грандиозната сцена на Евровизија во Лисабон.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …