(ФОТО) Дали ве интересира колку Вин Дизел заработил од „Пеколни улици“:Неверојатна бројка!

Американската франшиза „Пеколни улици“ започнала во 2001. година а како што најавувал главниот глумец, Вин Дизел, можат да се очекуваат уште два дела, осмиот и деветтиот кои ќе ги режира Џастин Лин.
Вин Дизел бил главен актер во сите делови, а веројатно нема лице кое не се запрашало колкава заработувачка му донела улогата на Доминик Торето.
Списанието „Варајати“ вчера ја објавило заработувачката на некои од најголемите холивудски глумци меѓу кои е и Дизел.
Како што пишува ова списание, глумецот за улогата во минатогодишниот, осми дел, заработил 20. милиони долари.
Неговата заработувачка се зголемувала и како франшизата бележела се’ поголеми успеси, па се наведува дека вкупно, за сите осум делови од филмот, заработил дури пет милијарди долари.
На некои делови работел и како продуцент, поради што неговата заработувачка е многу поголема.
Деветтиот дел во кината ќе пристигне во 2020. година, иако првично бил планиран за 2019. година. Причина за тоа е што на креативниот тим му било потребно повеќе време за развојот на приказната.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …