(ВИДЕО+ФОТО) Повторно го украла шоуто: Шарлот блеснала на крштевката на малечкиот Луис!

Позната по својата самодоверба и ведра природа, слатката принцеза Шарлот не разочарала ниту во понеделникот на крштевањето на нејзиниот помлад брат, принцот Луис.
На влезот во капелата „St James’s Palace“, кралското семејство го дочекал архиепископот од Кентенбери, Џастин Велби.


Поспаниот крштеник, принцот Луис мајка му го носела во рацете додека принцот Вилијам ги држел за раце принцезата Шарлот и принцот Џорџ.


Пристигнувајќи до архиепископот Велби, принцот Вилијам ги испратил децата да го поздрават,и’ додека принцот Џорџ бил малку воздржан, принцезата Шарлот самоуверено ја испружила раката и се поздравила.


Неколку чекори понатаму ги дочекал деканот на кралската капела. Принцот Вилијам дури и не стасал да им каже на своите деца што треба да направат, а малечката Шарлот ја испружила раката и поздравувајќи се го гледала деканот во очи.

На излегувањето, по завршувањето на обредот, Шарлот весело им мавтала на камерите и собраните фотографи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Книжевен кружок во Илика

Третата средба на книжевниот кружок ќе се одржи денес со почеток во 17:00 часот во …