(ФОТО) Со мотоцикл налетал на автомобил: Џорџ Клуни завршил во болница!

Познатиот глумец Џорџ Клуни, имал сообраќајна несреќа на Сардинија.
Џорџ Клуни бил хоспитализиран откако со мотоцикл се „забил“ во автомобил на Сардинија, пишуваат италијанските медиуми. Порталот La Nuova објавил и фотографија на автомобилот на кој е искршено ветробранското стакло.
Холивудскиот глумец бил превезен во болница, а според последните информации, има полесни повреди.Го повредил колкот а имал и модринки по нозете и рацете.


Глумецот патувал во Коста Коралина на снимање на серијата „Catch 22“.
Со него во Италија престојува и сопругата Амал и нивните деца, близнаците Александер и Ела.
Штом слушнала за несреќата Амал побрзала во болница да биде покрај него. Но, откако биле извршени сите снимања и испитувања истиот ден бил пуштен од болница.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Со цело срце за нечие подобро утре“ – хуманитарна изложба на автомобили

Денес на паркингот кај градски базен во Куманово во период од 10:00-17:00 часот, ќе се …