(ВИДЕО+ФОТО) Појадок на Гордон Ремзи по кој интернет „полудел“!

Гордон Ремзи повторно успеал да го восхити светот, со свој рецепт за појадок од соништата
Овој рецепт се состои од компири, јајца и сланина, како и зачини кои појадокот на Гордон го подигаат на сосема ново ниво.


Рецепт:
Излупете два до три компири со средна големина и изрендајте ги заедно со една главичка кромид. Добро насолете и наросете со црн пипер, со раце истискајте ја одвишната течност и ставете малку маслиново масло, убаво измешајте со раце.
Во добро загреан тиган ставете малку масло и истурете ја смесата со компири, убаво притискајќи ја на дното на тиганот. Од страна додајте парченца путер и кога ќе почувствувате дека оваа голема палачинка можете да ја помрднувате, со
помош на чинија превртете ја.
На оваа компир – палачинка внимателно ставете јајца, наросете со лут буковец, насолете и се’ заедно ставете во загреана рерна и печете шест до осум минути.Јадењето сервирајте го со пржена сланина и уживајте во совршениот појадок.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Свети Григориј, епископ Охридски

Свети Григориј, епископ Охридски, е истакнат православен светец и духовник од средновековниот период, кој ја …