„Колку добро те знам“ е новиот сингл на Ај Кју  

Бeндот кој оваа година активно промовира песни и спотови, го држи темпото и повторно објавува  песна и видео. Годината ја започнаа со „Најдобар“, следеше „Мојот Крал“ која има и своја акустична верзија, а сега на ред е „Колку добро те знам“.

Бојан Трајковски е композиторот и текстотписецот на оваа песна и заедно со Дарко Димитров го сработија аранжманот. Снимена е во студијата „Мјузик Хаус“ и студио Димитрови и ова е петтиот сингл кој ќе се најде на третиот студиски албум „Сепак ми е забавно“.


Бендот кој е препознатлив по видео спотовите реши и за оваа песна да сними соодветна приказна. Видеото е во изработка на Горила Филмс продукција, а режисер е Јован Куциновски.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Проекција на „Домаќинство за почетници“ во режија на Горан Столевски

Коалиција МАРГИНИ, во партнерство со List Production и Младински Културен Центар со задоволство ве поканува …