(ВИДЕО+ФОТО) Почина добротворот – милионерот Али: Кога дознал дека боледува од рак, со својата постапка го воодушеви светот!

Банат своето богатство го стекнал со компанијата за заштита и електрична енергија, а пред да му биде дијагностициран рак, парите ги трошел за луксузен живот кој го покажувал на социјалните мрежи.

Пред три години австралијанскиот милионер Али Банат дознал дека боледува од рак, а докторите му рекле дека му преостануваат уште седум месеци живот. Таа ужасна вест му го променила животот, а Али одлучил своето богатство да го употреби на многу подобар начин отколку претходно. Иако ги преживеал седумте месеци, сепак болеста била посилна и тој починал на 32. годишна возраст.
Тој бил бизнисмен од Гринкреа, југозападниот дел од Сиднеј,откако дознал за дијагнозата целото свое богатство го продал, а парите им ги подарил на добротворни организации.
Пред две години ја основал организацијата Muslims Around the World, чија цел е да им се помогне на сиромашните муслимани во земјите како Того, Гана и Буркина Фасо. Се проценува дека организацијата собрала околу 2,1 милиони долари.
Банат своето богатство го стекнал со компанијата за заштита и електрична енергија, а пред да му биде дијагностициран рак, парите ги трошел за луксузен живот кој го покажувал на социјалните мрежи.
Откако дознал за болеста, снимил кратко видео “Подарен ми е рак” во кое својата дијагноза ја опишува како “подарок кој му овозможил да се промени”. На снимката ги покажува луксузните и скапоцени работи кои ги поседува, а потоа открил дека сето тоа сака да го продаде и парите да се искористат за изградба на село во кое ќе живеат повеќе од 300. вдовици и каде ќе има училишта за 600. деца сирачиња како и за мали болници.


Во видеото кое го снимил пред да почине, Али побарал од луѓето неговата работа да не престане после неговата смрт. Луѓето импресионирани од хуманоста на младиот бизнисмен собрале уште 1,3 милиони долари донации откако починал.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …