(ВИДЕО+ФОТО) Отпорна на урагани:Куќа што се одржува на вода и може да издржи скоро се’


После многуте урагани кои се’ почесто ја погодуваат Америка, пристигнува ново решение – АРКУП, нов тип на дом кој се одржува на вода, има систем за зголемување на 12. метри во воздух и потполно е еколошки.
Оваа година на американскиот брег видовме какви разорни последици можат да имаат јаките урагани. Харви и Ирма се само некои од олуите кои уништиле илјадници домови. Но, архитектите сега направиле нов тип на куќа со соларно напојување која ќе може да издржи најсилни олуи и раст на нивото на морето, пренесува Business Insider.
Од Waterstudio канцеларијата доаѓа Аркуп, на архитектот Коен Олтиус. Овој мобилен дом е отпорен на ветер со брзина од 250. километри на час – што се категоризира како ураган од степенот 4. Домот ќе може да се одржува на вода и на тој начин успешно да преброди и зголемени нивоа на морето, среде олуја. Освен тоа, во себе има системи кои ќе можат да го подигнат 12. метри над морското дно во кое би бил усидрен после поплави, а ќе чини помеѓу два и три милиони долари.
Како додаток најавуваат собирач и прочистувач на дождовница, првиот прототоп, се надеваат, ќе го изградат веќе наредната година во Мајами.
Оваа компанија е позната по дизајнирањето на домовите на вода, а нивниот директор Коен Олтиус јахтите ги гледа како „домови што се одржуваат на вода и иднина на изградбата особено во време на климатски промени“.
„Во идните пет до 10. години ќе има се’ повеќе квартови на вода“ изјавил Олтиус.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Велигденска традиција во с. Градец – празнична магија под отворено небо

Со голема радост Ве покануваме на манифестацијата „Велигденска традиција“, која оваа година за првпат ќе …