(ВИДЕО) Блиски во несреќа:Харисон Форд помогнал на настрадана жена

Заедно со останатите учесници во сообраќајот успеал од уништениот автомобил да ја извлече жената и почекал да дојде брза помош. Жената минала со помали повреди рекле од болницата
Една жена која во неделата наутро ја загубила контролата над автомобилот и слетала од автопат во Калифорнија, блиску местото Санта Пол многу се изненадила кога помош и пружил филмскиот јунак – Харисон Форд.
Форд (74) заедно со уште неколку случајни минувачи побрзал да и укаже помош на несеќната возачка на калифорнискиот државен автопат 126, пренесува Hollywood Reporter.Глумецот порано пристигнал на блискиот аеродром и со автомобил се упатил дома.
Заедно со останатите учесници во сообраќајот успеал од уништениот автомобил да ја извлече жената и почекал да дојде брза помош. Жената минала со помали повреди рекле од болницата.


Ниту на славниот глумец не му се непознати сообраќајните несреќи, со таа разлика што тој во неколку учествувал со својот авион.
Неодамна по грешка ги заменил пистите за слетување и полетување и при слетувањето на Боинг 737 Харисон Форд пролетал покрај авионот во кој имало 116. патници и членови на посада. Тој пилотирал со својот лесен авион,едномоторец Авиат Хаски.
Ова не е првпат “Хан Соло“ да има невољи во воздухот. Пред две години Форд бил тешко повреден кога присилно слетал на голф терен откако на авионот му откажал моторот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 10 години без нашиот познат фолк пејач Војо Стојановски

Војо Стојановски е роден на 2 февруари 1949 година во с. Букојчани, Кичевско. Тој беше …