(ВИДЕО+ФОТО) Орман од 5. милиони фунти: Тамара Еклестон го покажала својот луксуз

Никогаш доста – Во орманот се наоѓаат бројни модни додатоци како што се 72. пара дизајнерски очила за сонце, па 22. пара Гучи папучи…
Во видео најавата за новото реално шоу „Tamara’s World“ може да се види како изгледа луксузната вила на Тамара Еклестон (33) и на нејзиниот сопруг Џеј Ратленд (36).
Двојката има вистинска мала војска која ја чинат педесет војници секогаш подготвени да им помогнат, но во неверојатниот луксуз ужива и нивната тригодишна ќерка Софиа. Но, тоа не е се…
Ќерката на бившиот шеф на Формула 1 сега го кренала скалилото уште повеќе и покажала какво богатство се крие во нејзиниот 5. милиони фунти вреден орман кој е сон на секоја жена.

Во него, помеѓу останатото се кријат 37. пара еспадрили на Шанел и 81. пиџами од брендот Victoria’s Secret, но и, верувале или не, некои доста поволни парчиња.
Инаку орманот е поделен на две простории – во една е колекција за пролет и лето, додека во другата е зимско – есенска гардероба.
Во него се наоѓаат и бројни модни додатоци како што се 72. пара дизајнерски очила и 22. пара папучи на Гучи, а за нејзината колекција на дизајнерски ташни е отповеќе и да се говори…



©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …