(ВИДЕО+ФОТО) Од денес на Канал 5 нова турска серија „Мајка“

“Мајка” е трагична приказна за една жена и мајка, чија љубов кон своите чеда ќе стане посилна од сè останато на освој свет. Приказната за Џенет ќе ги насолзи очите на сите мајки и ќе ги потресе душите на сите жени.

„Почетокот на новата играна серија „Мајка“, ќе Ве внесе меѓу најбогатите фамилии во Истанбул, во домот на килимарот Јилмаз како еден од најпочитуваните трговци и колекционери во Турција. Во една иста серија, додека една мајка ќе се бори со најосновните егзистенцијални потреби за опстанок, друга мајка, од безделничење и вишок време, ќе крои деструктивни филмови на љубомора и ќе го растажува синот со обвинувањата дека татко му има љубовница… Силна пожртвуваност на едната страна, наспроти целосно откажување од другата… Тешка сиромаштија на едната страна, наспроти богатство и луксуз на другата… Секој гледач ќе пронајде нешто интересно за себе! Гледајте „Мајка“ – прва епизода, денеска во 17 часот!“ најавуваат од Канал 5.
Приказна за животот на една мајка под ропството на традицијата
Од денес (15 ноември) Канал 5 започнува со емитување на нова турска драма.”Мајка” е трагична приказна за една жена и мајка, чија љубов кон своите чеда ќе стане посилна од сè останато на освој свет. Приказната за Џенет ќе ги насолзи очите на сите мајки и ќе ги потресе душите на сите жени.


Уште како млада, присилно е омажена за Џемал, станувајќи негова втора жена. Во новиот дом, нејзиниот живот станува мизерен затоа што првата жена на Џемал, Ханим не може да има свои деца и затоа започнува со ковање на злобни планови и сплетки против Џенет. Џенет раѓа машко дете, но уште по породувањето, Ханим го краде и го претставува како свое дете. Така Јемин расте во куќата, не знаејќи дека е син на Џенет. Подоцна, Џенет раѓа уште три деца, три преубави ќерки – Зумрут, Кираз и Ѓунеш. Поминуваат години, и најстарата ќерка Зумрут е на прагот да ја доживее истата судбина како нејзината мајка.

Џемал сака да ја омажи Зумрут за злобниот ага Фајсал, во замена за еден долг. Џенет не може повеќе да ги истрпи строгите правила на традицијата, се побунува против закоравените обичаи и решава заедно со трите ќерки да побегне од сè, да побегне од големиот конак, да побегне од сопругот и целото зло кое ја опкружува.


Но, Џемал не може да помири со бегството на Џенет и наредува да се најде жената по секоја цена. Бегството на мајката со своите ќерки ќе донесе низа драматични моменти, но желбата да се биде слободен ќе ги надмине сите пречки на нивниот пат. Судбината ги донесе во Истанбул во куќата на богатиот Јилмаз, каде започнуваат сосема нов живот. Но, сенките од минатото нема да може да ги остават на мира ниту мајката, а ниту нејзините деца.

Улоги: Вахиде Перцин, Талат Булат, Мерјем Узерли, Тилбе Саран, Енгин Бенли, Кансу Тосун, Али Ерказан, Арзу Гамзе Килинц.


Нова играна серија „Мајка“

Денеска во 17 часот! Почетокот на новата играна серија „Мајка“, ќе Ве внесе меѓу најбогатите фамилии во Истанбул, во домот на килимарот Јилмаз како еден од најпочитуваните трговци и колекционери во Турција. Во една иста серија, додека една мајка ќе се бори со најосновните егзистенцијални потреби за опстанок, друга мајка, од безделничење и вишок време, ќе крои деструктивни филмови на љубомора и ќе го растажува синот со обвинувањата дека татко му има љубовница… Силна пожртвуваност на едната страна, наспроти целосно откажување од другата… Тешка сиромаштија на едната страна, наспроти богатство и луксуз на другата… Секој гледач ќе пронајде нешто интересно за себе! Гледајте „Мајка“ – прва епизода, денеска во 17 часот!

Posted by Канал 5 Телевизија on Mittwoch, 15. November 2017

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …