Ентони МекКалахан е пронајден во својот дом како ползи по подот. Бил облиен со крв. Овој бивш играч на рагби (американски фудбал) полицијата го обвинила за убиство на сопругата Кери…
Ентони МекКалахан (46) бивш играч на американски фудбал е осомничен дека на својата сопруга Кери (28) и го пресекол вратот, во станот во зимскиот центар во Јута.
МекКалахан е обвинет а се’ се случило во почетокот на ноември.
Полицијата на 2. ноември го пронашла МекКалахан како облиен со крв ползи по подот во станот. Малку подоцна ја пронашле и Кери, мртва.Заклучиле дека Кери до крајот силно се борела за живот. МекКалахан на полицијата и бил познат од порано. Во октомври го киднапирал синот (8) од претходнта врска и со него патувал по Невада и Јута. Но, бил фатен и сместен во затвор.
Бил пуштен со кауција од 150.000 долари. Сестра на убиената Кери, Хедер Гауф порано предупредувала дека има многу лошо чувство во врска со МекКалахан. Рекла дека Кери и тој се запознале минатата година и дека МекКалахан ја присилувал венчавката да биде што побргу.
Наводно, МекКалахан и порано ја напаѓал Кери која била мајка на две деца и ја тепал. Можно е дека МекКалахан ќе се брани со фактот дека додека играл американски фудбал добил повреда на главата. Наводно, поради тоа бил насилен.
Неодамна научниците исто така потврдиле дека играњето на американски фудбал може да има серизни последици на човечкиот мозок, пишува The Sun.