(ВИДЕО+ФОТО) Ѓоко Ѓорчев: „Без поддршката на ’Бовин’ мојата кариера ќе имаше друга димензија!“

Искрено, со восхит, почит – така говори Ѓоко Ѓорчев за својот долгогодишен соработник Киро Богевски. Не, тоа не е човек од музичката сфера, но е добар познавач и почитувач на добрата музика. Тоа е човекот кој сиве овие 25. години стои покрај Ѓоко Ѓорчев и го поддржува во работата.
Киро Богевски е човекот кој максимално ја почитува и поддржува  работата на Ѓоко Ѓорчев…
– Искрено, не знам дали ќе успеев да снимам и издадам шест албуми да не беше винаријата „Бовин“, односно, сопственикот, Киро Богевски.Тие се секогаш тука, за секоја песна, албум, концерт.Секогаш кога сум имал потреба ми излегувале во пресрет. Башка нашето долгогодишно пријателство, но музиката е таа која ја направи вистинската спојка помеѓу мене и „Бовин“…, ни рече Ѓоко Ѓорчев кој неодамна на утринската на Телма го најави и својот нов, седми албум, како и концерт во МОБ, за
октомври.
– Неколку пати се појавуваа информации околу концертите и албумот. Но, вистина е дека се одржани два – во Кавадарци и Неготино, во текот на зимата…И, малку успорив бидејќи сакам да се конентрирам на мојот следен, седми по ред албум „Најдобрите љубовни песни MY WAY“. На овој албум ќе имам неколку дуети со Кристина Палија кои се веќе снимени, каде се претставувам во друго светло, малку класика, што би се рекло од едноставна причина што сакам и можам тоа да го испеам. Наша последна песна беше „Parla piu piano“, но можам да најавам дека на овој албум ќе има и други изненадувања, со други признати македонски пејачки.Некако, самата работа кога тргна ме однесе во тој правец, вели македонскиот Том Џонс.
Ѓорчев не сакаше да ни појасни какви изненанадувања подготовува – според она народното – „ќе се види кога ќе се случи“. Не е суеверен туку животот понекогаш донесува некои непредвидени работи па нема потреба се’ да се најави а потоа ако нешто се изјалови да се користат оправдувања и
да се објаснува…
Но, затоа ништо не може да ја изјалови соработката со „Бовин“ кои го имаат и’ виното „My Way“, токму како насловот на албумот и турнејата на Ѓорчев. Кога две класики и квалитети ќе се поврзат нема потреба од менување на навиките.
За секој од нас е добро кога можеме да сметаме на некого…
– Немам зборови да ја изразам благодарноста кон Киро Богевски и “Бовин“. Едноставно – немам. Живееме во тешки времиња но кога знаете дека секогаш можете да сметате на вашите добри пријатели, како што сме јас и најдоброто македонско вино „Бовин“, се’ е полесно, заклучи Ѓоко Ѓорчев кој наскоро ќе влезе во студио да сними уште една нова песна за седмиот албум.

Која? Засега нека остане тајна!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …