„АрцелорМиттал“:Обука за безбедност и здравје при работа

На 24.04.2018 година во просториите на АрцелорМиттал Скопје се одржа обука чија цел беше пренесување на знаења и вештини односно размена на добра пракса наменета за околу 40 присутни – професионалци од областа на БЗР, претставници на вработени како и други заинтересирани страни кои се активни во полето на безбедноста и здравјето при работа.


Предавач на обуката беше Валерија Миланова, стручно лице за здравје и безбедност во АрцелорМиттал Скопје, која им ги презентираше на присутните компаниските процеси и стандарди за безбедност како што се процедурите за изолација и заклучување, работа на висина и слично.
Обраќање имаше и директорката на Технолаб Магдалена Трајковска, како и генералниот директор на АрцелорМиттал Скопје – Волфганг Марингер.
Обуката беше организирана од Технолаб – овластена компанија за вршење обуки за здравје и безбедност, во соработка со АМ Скопје.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршен концерт на одделот за жичани инструменти на учениците при ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”

Денес со почеток во 19:00 часот во концертната сала на ДМБУЦ ќе може да го …