(ВИДЕО+ФОТО) Глумицата од „Сексот и градот“ објавила кандидатура за гувернер на Њујорк

Американската глумица Синтија Никсон која сите ја знаат како Миранда од серијата „Сексот и грдот“ ја најавила својата кандидатура за гувернерка на државата Њујорк. Глумицата ќе биде во трка против досегашниот гувернер Ендрју Куомо.
Актерката и неолибералната активистка Синтија Никсон (51), во трката за номинацијата од Демократската партија ќе го предизвика сегашниот гувернер Ендрју Куомо .
Њујорк е град во кој глумицата живее но и ја прославил, бидејќи дејствијата на култната серија и филмовите „Сексот и градот“ се одвивале во овој град.


„Го сакам Њујорк и ја објавувам кандидатурата за гувернерка.Го сакам овој град. Никогаш не сум сакала да живеам на друго место. Нешто мора да се промени“ напишала на Твитер.
Шеесетгодишниот Куомо, син на покојниот гувернер на Њујорк, Марио Куомо, оваа година го бара третиот мандат. Демократските партиски избори ќе се одржат на 13. септември, а изборите за гувернер на 6. ноември.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …