(ФОТО) Уште два дена да го предизвикате Вања Пушкар и го осовремените своето омилено македонско јадење!

Неколку дена не делат од едно необично гурманско случување кое ќе биде дел од Скопската готвачка сцена. Предизвикот на креаторот на проектот „Нова балканска кујна“ (New Balkan Cuisine) – Вања Пушкар, основач и главен готвач во ресторанот „Ирис“ во Белград.
Идејата на овој необичен настан е создавање на модерен призвук на еден традиционален македонски рецепт заедно со сите гурмани, готвачи аматери, па дури и со оние професионални готвачки виртуози кои потекнуваат од Македонија.
Овој предизвик е одлична можност за гурманите директно да се стекнат со искуство од професионален готвач, чија филозофија вели „Кога ги знаете произведувачите на вашите состојки вие сте во позиција да ја пренесете енергијата и љубовта на чинијата до конечниот консумент“.

Mangulica #newbalkancuisine #cuisine #belgrade


A post shared by newbalkancuisine (@newbalkancuisine) on


Сите оние кои сакаат да бидат дел од ова кулинарско шоу, единствено што треба да направат е да го пријават својот рецепт со фотографија најдоцна до 21.март 2018 година, на FB профилот на Public Room или contact@publicroom.org најдоцна до среда, 21. март 2018, заедно со твоето име, презиме и контакт телефон.
Трите најдобри и најкреативни рецепти ќе добијат ваучери за вечерата New Balkan Cuisine на 24. март во Јавна соба, а воедно на лице место ќе имаат можност на 25. март од 12:00 ч. да работат заедно со Вања Пушкар на осовременување на своите рецепти.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …