(ФОТО) Открила како за три години заштедела за нов стан!

Новозеланѓанката Шери Хоуви во една група на Фејсбук го споделила својот начин на штедење кој и овозможил за само три години да заштеди доволно да си купи нов стан.
Шери своите месечни примања ги поделила во три секции – една за плаќање сметки и основни месечни трошоци, една секција за дел од платата кој има намера да го потроши на останатите издатоци, односно трошоци како облека, подароци, одење на лекар и слично и секција за штедење.

„Мајка ми ме научи на овој начин да ги организирам парите и поради тоа за само три години штедење успеав да купам стан во 2015. година“ тврди оваа жена.
„Секако дека секогаш може да се случи некој непланиран трошок, но мислам дека секако е добро да се има план“, смета Шери.
Иако нејзиното купување стан е можеби преамбициозно за македонските поими, нејзиниот начин на организирање на платата секако би можел да послужи како добар пример.
Но, сепак, се зависи од висината на платата, нели…


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неделен хороскоп за сите хороскопски знаци: Што не очекува оваа недела според хороскопскиот знак?!

Овен Работа: На почетокот на неделата ќе бидете доста активни, комуникативни, актуелни и на многу …