(ВИДЕО+ФОТО) Георгина го „тргнала“ својот дечко, Кристиано Роналдо од насловните!

Девојката на познатиот фудбалер Кристиано Роналдо, Георгина Родригез, повторно се нашла во центарот на вниманието.
Роналдо пред неколку дена повторно ја освоил Лига на шампионите, а со денови се шпекулира каде ќе ја продолжи кариерата. Целата приказна станала доста пореална после ненадејниот отказ на Зинедин Зидан,а прв пик за Португалецот е ПСЖ.
Се нагаѓа дека Нејмар би можел да тргне во спротивен правец па на тој начин би станал еден од ретките кој играл и’ за Барселона и за кралскиот клуб.


Очигледно дека сите приказни го оптовариле Роналдо кој решил да се повлече од се и со својата девојка Георгина заминал неколку дена на одмор.
Тие двајца се сликани како се забавуваат на јахтата на Роналдо во Марбеља, далеку од очите на јавноста.
Нема сомнение дека одлучиле да избегаат од се за да Португалецот „со ладна глава“ одлучи што и како понатаму.

Сепак, после одморот, Георгина ги презела насловните страни, бидејќи била снимена во секси купачи во кој фокусот бил на нејзиниот екстра затегнат задник, но и целото тело.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …