(ВИДЕО+ФОТО) Американците ја присвоија македонската „Зајди, зајди“ во два проекти во Холивуд: На потег ЗАМП да го заштити авторството!

Тајлер Бејтс песната „Зајди, зајди“ авторско дело на Александар Сариевски ја потпишал како своја…Како ќе реагира ЗАМП како легитимна организација за заштита на авторските права?
Сигурно сте го гледале холивудскиот спектакл „300“ од 2006 година, посветен на тристате храбри Спартанци, кои и’ се спротивставиле на Персија, но дали сте забележале дека во сцената кога на кралицата Горго, (ја игра Лејна Хеди) и’ соопштуваат дека загинал нејзниниот сопруг, кралот Леонид (Џерард Батлер)? Мелодијата во заднина е токму македонската „Зајди, зајди“.
Нумерата е потпишана како авторска, а автор на „300- Message for the Queen“ е Тајлер Бејтс.


Инаку, „Зајди зајди“ е искористена и како тематска песна во видео играта Battlefield 1 од 2016 година, која во минатата година беше една од најпродаваните игри.


„Зајди, зајди, јасно сонце“ е популарна македонска песна во народен стил која во недамнешно време здобива популарност низ целиот Балкан. Во последните шеесет години, песната станува една од песните што жителите на поранешната Југославија највеќе ја поврзуваат со Република Македонија. Песната не е народна, туку во авторство на истакнатиот изведувач Александар Сариевски кој ги напишал музиката и текстот, стои во Википедија.


Како заштитник на авторските права на македонските уметници на потег сега е ЗАМП, осоено што, можете да видите од двете видеа, песната не е искористен само во три такта (како што налагаат меѓунродните пропозиции) туку целосно.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршната конференција во рамки на проектот: Одржлива синергија за зајакнување на колективното еко влијание

Дали и колку сме колективно еко свесни за зачувување на природата и кои проблеми беа …