Македонскиот претставник „Ај Кју“ на сцената во Лисабон ја одработи втората проба.
Во кусото видео може да види и слушне малку повеќе од она што можевме да го проследиме како мини снимка од првата проба.Вокалите добро се слушаат а и девојките од придружба се повеќе истакнати.
„Ај кју“ ги гледаме во полн состав со тапанарот Иво Митковски и придружните вокали Антонија Гиговска, Дина Јашари и Валери Димовска.
Засега се’ делува добро, но се ќе зависи од настапот на првата полуфинална вечер на 8. мај.
Од кусото видео објавено на официјалниот евровизиски канал на Јутјуб можеме да видиме дека „Lost And Found“ ќе биде изведена со богата кореографија, за која се погрижи Јана Андрејевиќ – Лазарева, сето тоа дополнето со живи бои што прилегаат на самата атмосфера на песната.Како главна улога, Марија ќе шета низ сцената и со допир ќе ги „оживува“ останатите членови од бендот
Подолу ви донесуваме дел од коментарите на фановите на „Lost And Found“ кои главно се согласуват околу едно – песната е добра но Македонија повторно нема добар сценски настап. Погледнете: