(ВИДЕО) FICTION го претставија новиот сингл „Дали знае?“

И во време на корона дечките од „Fiction“ решија со музика да и се спротивстават на пандемијата…
Во разигран ритам, иако текстот е пред се љубовен, тие ја донесуваат “Дали знае“…
Спотот пак како да донесува жал за некои други, поубави времиња, кога се дружевме, се посетувавме и забавувавме…
Сигурно дека секој од нас жали за тоа време, па додека не се вратиме на „старо“ можете да уживате во видеото на „Дали знае“.

По одличниот настап оваа година бендот е повторно најавен на фестивалот Андерфест во Скопје наредната година.
FICTION го чинат:
Петар Гјуревски – вокали
Виктор Захариев – вокал, гитара
Филип Андонов – гитара
Теодор Теодосиевски – перкашн
Музиката и текстот се дело на Виктор Захариев, а аранжманот на бендот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Фестивал за современа музика МОДОАРС 2024

Започнува седумнаесеттото издание на Фестивалот за современа музика МОДОАРС. На отварањето на фестивалот МОДОАРС 2024 …