66-годишната не дозволува годините да ја забават. Поранешната манекенка и актерка Кристин Бринкли со причина се смета за една од најсексапилните жени во светот. Таа последниве години го покажа своето тело во бикини неколку пати и тешко е да се најде личност која не е импресионирана од нејзиното мускулесто тело.
Но, секој успех бара многу напор, па така Бринкли тренира редовно, дури и во изолација. Напротив, таа станала креативна, ја извлечкла справата во дворот, и така ги привлекува сончевите зраци и вдишува свеж воздух како што се поти.
„Кога не тренирам, чувствувам последици. Телото брзо ми ‘рѓосува. Треба да се подмачкаат зглобовите“, објаснила таа, заедно со клип во кој тренира додека телото го храни со витамин Д.
„Целта на карантинот е да нè заштити, така што ќе го искористам своето време и ќе излезам малку посилна. Сигурен сум во една работа, дефинитивно ќе бидам благодарна за секој ден исполнет со здравје “, додала таа.
Бринкли за магазинот „Shape“ открила дека станува збор за справата „Total Gym“ шкоја секојдневно ја користи секој ден по 15. минути. На неа таа прави клекнувања, згибови и други слични вежби.
Кога не е ставена во карантин, оваа привлечна 66-годишна жена сурфа и трча на плажа. Како и Елизабет Харли, таа прави клекнувања секогаш кога ќе добие можност и се истегнува додека ги мие забите.