Мазда 3 ја освоила наградата за дизајн во 2020 година

Јапонската компанија ја заработила наградата во категоријата дизајн, спроведена од World Car Awards ( (WCA).
Mazda 3 ја освои наградата Светски автомобилски дизајн во 2020 година во една од специјалните категории на WCA и Mazda 3 е вториот модел што ја освои оваа награда по Mazda MX-5 во 2016 година.

„Пред да ја прифати оваа награда, корпорацијата „Mazda Motor Corporation“ сака да им изрази сочувство на сите оние кои се погодени од коронавирусот. Што се однесува до наградата, голема чест е што ќе можеме да ја примиме наградата за Светски дизајн на автомобили во годината по повод одбележувањето на стогодишнината од основањето на ‘Мазда’.Ќе продолжиме да им обезбедиме на нашите клиенти уникатни производи, дизајни, технологии и искуства“, рекол Акира Марумото.
Мазда досега имала голем успех, на World Car Awards, годишен конкурс на кој одлучува жири од новинари кои пишуваат за автомобилската индустрија од 25 земји а брои 86 члена.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Второто и уште поголемо издание на HR.Weekend: Интердисциплинарни теми и најголемите експерти наесен во Ровињ

Второто издание на исклучително успешниот HR.Weekend ќе се одржи и оваа година во рамките на …