СУДБИНИ – Ѕвездата од филмот „Оркански висови“, Хилари Хант починала од коронавирус


Нејзиниот внук тажната вест ја објавил на Фејсбук…
Актерката Хилари Хит, sвезда на филмот „Оркански висови“, кој е базиран на романот на Емили Бронте, починала на 74. годишна возраст од коронавирус.
Британската актерка починала седум дена откако била тестирана за позитивна за коронавирус. Нејзиниот внук тажната вест ја објавил на Фејсбук.


                                                                        Хилари Хит во филмот „Оркански висови“


„Ја изгубивме прекрасната Хилари. Таа беше филмска и театарска актерка од 1960. до 1970. година, а потоа беше продуцент во 90-ттите. Работела на филмови со Хју Грант, Алан Рикман и Гери Олдман. Нејзиниот најголем успех беше дипломата по психологија што ја доби на Оксфорд. Работела со пациенти ширум светот, честопати бесплатно, за да воведе ред во нивните стресни животи. Таа беше поголема од животот и многу ми недостасува“, напишал тој.
Хилари била во брак со Данкан Хит, со кого ги добила ќерката Лаура и син Даниел.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПО МУЛТИПЛЕКСА СКЛЕРОЗА, ѝ бил дијагностициран рак, СЕГА И НЕЈЗИНАТА ЌЕРКА СЕ РАЗАБОЛЕЛА: Прекрасната актерка која ја сакал и’ Бред Пит преживува пекол!

Девојката има само 14 години. Актерката Кристина Аплгејт (53) со години отворено зборува за својата …