(ВИДЕО) Двајца „искусни лисци“ и една млада пејачка надеж = ФАНТАСТИЧНО!

Токму така може да се опише новата песна „Тајната на љубовта“ во изведба на Драгана Јоивановска…
Соработката со Кире Костов (музика и аранжман) и Миодраг Врчаковски (текст), веќе докажани творци во поп музиката, кај Драгана доведе до изведба на песна (со оглед на нејзините извонредни гласовни квалитети) која во прв план ги доведува гласовните квалитети следејќи ја музичката линија…
Некој можеби ќе каже дека тоа е песна од некои стари времиња, но во секој случај композиција која заслужува внимание и која има – певлив рефрен. Поради тоа и веруваме дека ќе ја прифатат помладите бидејќи ќе можат (колку што умеат со гласовните можности) да си ја потпевнуваат…а кој знае можеби и да искажат љубов.


Музика: Кире Костов
Аранжман: Кире Костов
Текст: Миодраг Врчаковски
Бек вокал: Ана Костадиновска
Аудио микс и мастер: Александар Митевски
Видео: IN production

Фото: Принтскрин/


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Гостувањето на Катерина Бабкина една од најуспешните современи украински писателки

Артконект со задоволство го најавува гостувањето на Катерина Бабкина, една од најуспешните современи украински писателки, …