Кинеското вселенско летало Тијанвен-1 ја испрати својата прва слика од Марс на Земјата, објави Кинеската вселенска агенција, додека мисијата се подготвува да слета на планетата подоцна оваа година.
Вселенското летало, кое беше испратено во вселената во јули, истовремено со американската мисија, треба да влезе во орбитата на Марс околу 10. февруари.
Фотографијата, објавена од Кинеската национална вселенска управа (CNSA), ги покажува кратерот Скијапарели и Велс Маринерис, големи кањони кои се протегаат низ површината на Марс.
Фотографијата е направена од растојание од 2,2 милиони километри, според CNSA, и додаваат дека нивното летало сега е оддалечено 1,1 милиони километри од планетата.
This is the first photo of Mars by the Chinese probe, Tianwen-1! pic.twitter.com/gNhykjcTYP
— Linli Guo_CAST_CHINA (@guo_linli) February 5, 2021
Кина се надева дека ќе може да испрати ровер во Утопија, голем кратер на Марс, во мај.
China's #Tianwen1 spacecraft snapped its first image of #Mars at a distance of 2.2 mln km of the red planet! The probe has flown for 197 days & 465+ mln km on its journey and is now about 1.1 mln km from Mars. Tianwen-1 probe will enter orbit in less than a week. pic.twitter.com/RrYIWjfwiA
— Ambassador Deng Xijun (@China2ASEAN) February 6, 2021
Пекинг вложи милијарди долари во својата вселенска програма водена од владата, а тие први испратија човек во вселената во 2003. година. Нивната цел е да изградат вселенска станица во орбитата на Земјата до 2022. година.
Марс отсекогаш бил предизвик за астронаутите, особено затоа што повеќето мисии испратени од САД, Русија, Европа, Јапонија и Индија од 1969 година не успеале.
Кина испрати и два ровери на Месечината и едниот успешно слета на темната страна на Месечината.
Фото: Twitter