Новак Ѓоковиќ синоќа во ресторанот „Новак“ во Белград ја прославил титулата од Австралија опен, а особено внимание привлекоа снимките од прославата со неговата сопруга Јелена. Во еден момент таа му пеела, а на друго видео се гледа како парот ужива на колена на музиката.
На социјалните мрежи се шират видеа од синоќешната прослава на титулата на Австралија опен, која ја организираше семејството на Новак Ѓоковиќ, а на едно од нив своите пејачки способности ги покажала и неговата сопруга Јелена.
Додека јавноста во Србија често ја критикува Јелена за нејзиниот „поинаков“ начин на живот, овојпат таа покажала дека знае да се забавува. Во видеото кое го објави Telegraf, можете да видите како таа на својот сопруг му ја отпеала песната „Откако се заљубив во тебе“.
View this post on Instagram
Претходно беше објавено видео на кое се гледа како српскиот тенисер и пее на Јелена, песна со наслов „Јелена“. На забавата присуствувале родителите на Новак, но и познати личности. Еден од нив бил и Саво Милошевиќ кој исто така пеел.
Во друго видео може да се види како брачниот пар Ѓоковиќ се радува со песната „Luckasta si ti“ од Мирослав Илиќ, а Новак дури паднал на колена а му се придружила и сопругата.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Новак на 29 јануари ја освои 10. титула на Австралија опен, но во Белград пристигнал дури вчера, а по тој повод била организирана прослава во ресторанот во сопственост на неговото семејство.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram